Ер Индија ги прекина летовите до и од Тел Авив до 30 април

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Индиската авиокомпанија „Ер Индија“ објави дека ги прекинала летовите до и од Тел Авив до 30 април, по најновите тензии меѓу Израел и Иран, јавува Анадолија.

По веста за нападот на Израел врз Иран, Ер Индија објави соопштение на социјалната мрежа Х во врска со летовите до Тел Авив.

„Со оглед на ситуацијата на Блискиот Исток, нашите летови до и од Тел Авив ќе бидат суспендирани до 30 април 2024 година. Ќе ја следиме ситуацијата во регионот“, се вели во соопштението.

Во пораката беше посочено дека на патниците со билети за Тел Авив ќе им биде понудена опција да се преселат или откажат летови во наведениот период, а се нагласува дека безбедноста на патниците е приоритет на оваа авиокомпанија.

Иранските медиуми јавија дека експлозиите се слушнале во североисточната провинција Исфахан, каде се наоѓа базата на иранските воздухопловни сили.

Американските медиуми, повикувајќи се на американски претставници, објавија дека Израел извршил напад на иранска територија.