Компанијата „Ербас“ претстави нова, потполно електрично летало „СитиЕрбас“ со можност за вертикално полетување и слетување, кое се развива од 2015 година.
Примарната цел е да се избегне сообраќајот на тло, а ќе се користи за персонална употреба.
Ова летало го развило одделението за хеликоптери, а компанијата веќе направи неколку тестирања, односно 242 теста на тло, како и 1000 поминати километри.
Сега на основа на досегашни сознанија и искуства е претставена нова генерација СитиЕрбас кој изгледа поинаку од претходните верзии.
Поседува фиксни крила, а е на погон на осум пропелери.
Новото летало нуди доволно место за четири лица, дометот ќе изнесува 80 километри, а максимална брзина 120 километри на час.
Емисијата на каси ќе биде на нула, а исто така ќе биде контролирана и бучавата.
