Ербас со 172 патници за малку ќе бил погоден во сирискиот воздушен простор

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Избегнат е голем инцидент и голема трагедија на небото над Сирија, откако авион Ербас со 172 патници морал итно да слета во воздушната база Кмеимим контролирана од Русија, откако за малку ќе бил погоден од сириската воздушна одбрана, тврдат од министерството за одбрана на Русија.

Авионот летал од Најаф, Ирак до Дамаск (Сирија) на 6. февруари. Патеката покажува дека авионот се движи кон Дамаск, но одеднаш го менува курсот и се враќа назад, по што се пренасочува кон Кмеимим базата во северозападна Сирија.

Според извештаите, авионот бил пренасочен од контролната кула од Дамаск по информациите дека сириските воздушни сили биле во борба со израелски Ф-16, па авионот можел да се најде во опасност и во вкрстен оган.

Претходно украински авион од типот Боинг 737 беше погоден при полетувањето од Техеран. Во несреќата немаше преживеани, сите 176 патници загинаа.