Ердоган и Путин разговараа по телефон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателите на Турција и Русија, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин, денес телефонски разговараа за билатералните односи, Украина и ситуацијата во Сирија.

Во телефонскиот разговор со Путин, Ердоган ја истакна важноста од започнување на третата рунда директни преговори со Украина и неговата подготвеност да ги организира во Истанбул, кога ќе бидат одредени датумите погодни за двете страни, соопшти кабинетот на турскиот лидер по разговорот, пренесува ТАСС.

„Беа разгледани билатералните односи меѓу Турција и Русија, регионалните и глобалните прашања. Претседателот Ердоган изјави дека е важно да се започне третата рунда преговори меѓу Русија и Украина и дека Турција ќе продолжи да биде домаќин на преговорите во Истанбул кога ќе бидат одредени датумите што им одговараат на страните“, се вели во соопштението.