Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Турција ќе биде домаќин на самитот на лидерите на НАТО во 2026 година во главниот град Анкара.
„Се надеваме дека самитот на шефовите на држави и влади на НАТО во 2026 година ќе се одржи во Турција во јули. Ќе ги угостиме лидерите на НАТО во нашиот главен град, Анкара, и ќе подготвиме терен за многу важни одлуки“, рече турскиот лидер во своето обраќање до нацијата по владината седница.
Ердоган рече дека се задоволни од напредокот постигнат за кратко време во процесот на ослободување на Турција од терор.
