Партијата на Реџеп Тајип Ердоган, ги загуби локалните избори во Турција, и се чини дека почнува неговиот „почеток на крајот“.
Турските аналитичари веќе погодуваат кој би можел да биде неговиот наследник. Медиумите известуваат дека нов претседател би можел да биде неговиот зет – Селџук Бајрактар.
Можниот иден туркси лидер е познат по тоа што е технолошки директор на воената компанија „Бајкар Макина“, која произведува дронови со кои Украина се бори против руската инвазија.
Претседателскиот мандат на Ердоган е до крајот на 2028 година, и нема да може да се кандидира повеќе.
