Ерлинг Халанд е нов играч на Манчестер Сити

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Манчестер Сити попладнево го потврди трансферот на еден од најдобрите напаѓачи на денешницата Ерлинг Халанд. Норвежанецот ќе се пресели на „Етихад“ од следната сезона, а Борусија Дортмунд ќе добие отштета од 75 милиони евра.

Се очекува Халанд да стане најплатениот играч во Премиер-лигата, а договорот да биде до 2027 година.

Халанд беше баран и од Реал Мадрид, но до трансфер не дојде. Исто така беа заинтересирани и Манчестер Јунајтед, но на крајот се реши да се приклучи на Сити, каде што настапуваше и неговиот татко Бјорн-Инге Халанд.