Еруптираше вулкан на Исланд, наредена итна евакуација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулкан во југозападниот дел на Исланд, еруптираше вчера после серија на интензивни потреси. Евакуирани се повеќе од 4000 лица од блиските места.

Се појавуваат се повеќе снимки од големата ерупција, а таа поттикна стотиина земјотреси кои се регистрирани на ова подрачје.

Ерупцијата се случила на 4 километри од градот Гриндавик, и недалеку од електраната Свартсенги.