Еруптираше вулкан на Камчатка: Се крева густ чад, издадени предупредувања

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулканот Кључевски на Камчатка еруптираше по втор пат во истиот ден, исфрлајќи голем столб од чад и пепел, објавија денес руските медиуми.

Според податоците на Тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка (KVERT), Институтот за вулканологија и сеизмологија (IVS) на Далечниот источен огранок на Руската академија на науките, столбот од пепел бил на над 6,5 километри надморска височина, јавува агенцијата Интефакс.