Вулканот на планината Шинмое на југозападниот јапонски остров Кјушу еруптираше денес, објави Јапонската метеоролошка агенција.
Вулканот висок 1.421 метар, кој се наоѓа на границата меѓу префектурите Кагошима и Мијазаки, еруптираше околу 16:37 часот и исфрли чад до 500 метри во воздухот, според агенцијата, пренесува Кјодо.
Агенцијата ја задржа тревогата на ниво второ од можни пет и ги повика луѓето да се држат подалеку од кратерот.
