Еруптираше вулкан во Индонезија, жителите се евакуираат (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Жителите на индонезискиот остров Јава се евакуираат поради ерупција на активен вулкан, кој исфрла лава и пепел вторпат во последните неколку месеци.

Евакуацијата е во тек, а нема информации за повредени или жртви. Во меѓувреме мониторинг тело издаде предупредување за авионите кои летаат над таа област, поради густ пепел кој се искачува и на 15 илјади метри.

Локалниот функционер Торикул Хак за „Ројтерс“ истакна дека патот и мостот до блискиот град Маланг се отсечени.

„Ова е многу итна состојба“, рече Хак.

Вулканот се издига на 3.676 метри надморска височина. Претходно еруптираше во јануари оваа година.