Еруптираше вулкан во Индонезија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вулканот Ибу на островот Халмахера во провинцијата Северен Малуку во Индонезија денеска повторно еруптираше. Како што јави ВНА до Индонезиската геолошка агенција, ерупцијата траела повеќе од шест минути.

Националната агенција за управување со катастрофи на земјата испрати тим да им помогне на луѓето во погодените области.

На локалното население им е препорачано да избегнуваат активности на отворено и да користат маски за да се заштитат од респираторни проблеми кои можат да бидат предизвикани од вулканска пепел и дожд од песок.

Во Индонезија живеат 270 милиони луѓе, а има 127 активни вулкани. Индонезија е подложна на вулкански ерупции, бидејќи се наоѓа покрај таканаречениот „Огнен прстен“.