Ерупцијата на вулкан на Јава, исфрла пепел и чад во височина од 600 метри

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Индонезискиот вулкан Мерапи, еден од најактивните во светот, започна да еруптира лава во радиус од 3,5 километри во близина на густо населениот туристички град Џогџакарта.

Вулкан на индонезискиот остров Јава исфрла пепел и чад во височина и до 600 метри, објави вулканската и геолошка служба на Индонезија, наведувајќи дека нема податоци за жртви.

Властите ги повикаа жителите да ја почитуваат пет-километарската забранета зона околу планината Мерапи.

Вулканот Мерапи е висок 2.968 метри и е еден од најактивните од 500 вулкани во Индонезија.

Индонезија се наоѓа во Пацифичкиот огнен појас, каде што доаѓа до триење на тектонските плочи, така што земјотресите и вулканските ерупции се чести во тој регион.