Естонија сериозно размислува за испраќање војници во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Естонската влада „сериозно“ разговара за можноста за испраќање воени единици во западна Украина за да им се овозможи на украинските сили стационирани во тој дел од земјата да бидат преместени во првите борбени линии. Ова го објави Укринформ, повикувајќи се на публикацијата „Breaking Defense“, која го цитираше Мадис Рол, советник за национална безбедност на естонскиот претседател.

„Владата на Естонија „сериозно“ разговара за можноста за испраќање војници во западна Украина за да се вклучат во индиректна борба, во „задниот дел“ на украинските сили, за да можат слободно да се борат на фронтот“, објаснува советникот.  

Владата сега го анализира овој потенцијален чекор и додека Естонија претпочита таа да биде дел од мисијата на НАТО за „да покаже поголема колективна сила и решителност“, не се исклучува можноста Талин да дејствува како дел од помала коалиција.

„Разговорите се во тек“, рече Роле на 10 мај. „Ќе ги разгледаме сите опции. Не треба да се ограничуваме во однос на тоа што можеме да направиме“, додаде тој.

Претходно оваа недела, шефот на естонските одбранбени сили, ген. Мартин Херем изјави дека пред неколку месеци во армијата имало разговори за испраќање единици во западна Украина за да бидат вклучени во медицинска нега, логистика и воздушна одбрана на некои градови во тој дел од земјата.

Претходно, францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, не ја исклучи можноста за испраќање војници во Украина доколку Русија ја пробие украинската одбрана и доколку Киев испрати слично барање.