Етна повторно еруптираше, издадено предупредување за воздушниот сообраќај

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Најголемиот активен вулкан во Европа, Етна одново еруптираше и исфрла пепел со километри на небото над Сицилија. Експертите издадоа високо ниво на предупредување за воздушниот сообраќај.

Вулканот исфрла лава и пепел до 6.000 метри. Тоа ги загру вулканолозите, кои препорачаа да се издаде предупредување за воздушниот сообраќај.

Облакот од пепел се движи кон североисток, во близина на градовите Таормина и Месина. Првично највисоко ниво на тревога за воздушен сообраќај беше црвено, за потоа да бие променето во портокалово. Аеродромот во Катанија останува отворен.

ФОТО: Архива