ЕУ ги продолжи санкциите кон Русија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Амбасадорите на Европската унија денеска постигнаа договор за шестмесечно продолжување на санкциите против Русија, кои опфаќаат околу 2.400 поединци и субјекти, соопштија денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и дипломатите на ЕУ.

„ЕУ го зголемува притисокот врз Русија. Ги продолжуваме нашите санкции за речиси 2.400 поединци и ентитети поради тековната руска агресија против Украина“, рече Фон дер Лајен на социјалната мрежа Х.

Таа додаде дека санкциите вклучуваат забрани за патувања, замрзнување на средства и ограничувања на финансирањето и ресурсите, нагласувајќи дека ЕУ е решена да ја поддржи Украина.