Европската унија го одобрил 17-тиот пакет санкции против Русија, изјави за „Киев Индепендент“ висок функционер на ЕУ, кој побарал да остане анонимен.
Мерките се насочени кон речиси 200 бродови од руската „флота во сенка“, 30 компании вклучени во избегнување на санкции и 75 санкции против субјекти и поединци поврзани со рускиот воено-индустриски комплекс и други цели.
Новиот пакет, исто така, вклучува мерки насочени кон руските хибридни напади, поточно воспоставување правна основа за дејствување против пропагандните канали или бродови и субјекти вклучени во саботажа на подводни кабли, аеродроми или сервери.
„Значи, гледате каде одиме. Покрај „традиционалните“ секторски и индивидуални санкции, го прошируваме опсегот и поактивно применуваме други видови санкции за да ја погодиме Русија таму каде што гледаме закани или обиди за заобиколување на постојните мерки“, рече изворот.
Санкциите доаѓаат откако истече ултиматумот на ЕУ кон Русија, а пред почетокот на мировни преговори во Истанбул, Турција кои треба да се одржат утре. Но, прашање е дали истите ќе бидат и воопшто оддржани, со оглед дека украинскиот претседател Володомир Зеленски инсистира Путин да дојде во Истанбул, додека Русија најверојатно ќе го испрати министерот за надворешни работи Сергеј Лавров. Трамп иако најави можно присуство на преговорите, сепак, досега официјално не се огласи дали ќе дојде утре во Истанбул.
