ЕУ организира хуманитарен воздушен коридор до Либан, објави денеска портпаролот на Европската комисија. Тој прецизираше дека е планирано првично да се испратат три лета.
Според него, обезбедената помош вклучува ќебиња и шатори. Порпаролот посочи дека ЕУ останува подготвена да испрати дополнителни летови, ако е потребно.
Во соопштението се истакнува дека првите летови ќе бидат организирани од Дубаи и Бриндизи на 11 октомври. Се додава дека Шпанија, Словачка, Полска, Франција, Белгија и Грција од минатата недела испраќаат помош за Либан.
