ЕУ Парламент: Излезноста на изборите во Европа е 51 процент

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Според привремените проценки, на европските избори денеска гласале 51 отсто од гласачите, нешто повеќе од претходните, соопшти Европскиот парламент.

На претходните избори за Европскиот парламент гласаа 50,6 отсто од избирачите, што е највисоко од 1994 година. Сепак, во некои земји-членки денес излезноста беше далеку помала од европскиот просек, вклучително и во Хрватска.

Портпаролот Жауме Дух рече дека таа бројка може да се промени бидејќи гласачките места се уште се отворени во Италија. На изборите во 2019 година се стави крај на трендот на опаѓање на излезноста на европските избори што траеше од 1994 година.