ЕУ размислува за основање на „одбранбен фонд“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 Министерствата за финансии на Европската унија денеска започнаа разговори за заедничкиот одбранбен фонд кој ќе купува и поседува воена опрема и на членовите ќе им наплатува надомест за употреба, со цел да се зголемат трошоците за одбраната без да се оптоваруваат националните сметки со дополнителен долг.

Фондот наречен „Европски одбранбен механизам“ (ЕДМ), го предложи истражувачкиот центар „Бројгел“, објави Ројтерс.

Неколку други земји од ЕУ изразија поддршка за предлогот, истакнувајќи дека формирањето на таков фонд би можело да биде „технички релативно едноставно“ бидејќи би се засновало на моделот на спасувачкиот фонд на еврозоната.