ЕУ со 3,3 милијарди евра поддршка за Западен Балкан

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денес, Европската Комисија објавува над 3.3 милијарди евра финансиска поддршка обезбедена заедно со Европската Инвестициска Банка во корист на граѓаните на Западен Балкан. Овој пакет на поддршка има за цел да одговори на итните здравствени и последователни хуманитарни потреби придизвикани од Пандемијата на КОВИД-19 како и да го помогне социјалното и економското закрепнување.

Освен засилената поддршка, Комисијата во својот придонес, пред состанокот на лидерите од ЕУ-Западен Балкан, на 6 мај 2020 исто така дава преглед на општите параметри за долгорочна поддршка која ќе биде претставена наесен во форма на економски  и инвестициски план за регионот.

Претседателката на Европската Комисија Урсула Фон Дер Лејен рече: Имаме посебна одговорност да им помогнеме на нашите партнери во Западен Балкан во оваа пандемија, затоа што нивната иднина е јасно припаѓа во Европската Унија. ЕУ обезбедува значителен финансиски пакет, кој ја потврдува силната солидарност. Заедно ќе ја надминеме оваа криза и ќе закрепнеме.  И, уште повеќе, ќе продолжиме да го поддржуваме регионот, вклучувајќи ги реформите потребни на европскиот пат, бидејќи закрепувањето ќе биде ефикасно само доколку земјите продолжат да ги исполнуваат нивните обврски.„

Комесарот за соседска политика и проширување, Оливер Вархеји, искоментира: Европската Унија реагираше брзо и сеопфатно да го поддржи Западен Балкан во справување со пандемијата на КОВИД-19, преку неспоредлива финансиска помош како и пристап до бројни иницијативи на ЕУ. А, нашата работа ќе продоложи додека подготвуваме економски и инвестициски план за регионот, за справување со тешките социо-економско последици од кризата, модернизација на економиите во регионот, поддршка на реформите и да почнемеда го затвораме јазот во  однос на развојот, и на тој начин создавајќи побрзо конкретни придобивки за луѓето.

Поддршката од ЕУ за Западен Балкан во справување со коронавирусот

Пакетот за финансиска поддршка на ЕУ вредна над 3.3 милијарди евра вклучува пренамена на средства од Инструментот за претпристапна помош од 38 милиони евра итна поддршка за здравствениот сектор, особено преку испорака на основни производи неопходни за спасување животи како на пример лична заштитна опрема, маски и вентилатори, 389 милиони евра за потребите на социјалното и економското закрепнување и други 455 милиони евра вреден пакет за економски заживување на регионот во тесна соработка со меѓународните финансиски институции како и предлог за 750 милиони евра на макро-финансиска помош и 1.7 милијарда евра пакет на финансиска помош преку Европската Инвестициска Банка.

ЕУ обезбедува и непосредна хуманитарна помош за ранливи бегалци и мигранти во висина од 4,5 милиони евра и 8 милиони евра за итни потреби на мигранските кампови ширум регионот.

Како резултат на епидемијата на корона вирусот, Западен Балкан го активира Механизмот за цивилна заштита на Унијата (УЦПМ) и веќе почна да добива помош во вид на опрема и репатријација на граѓани од земјите-членки на УЦПМ и од државите-учеснички. Освен тоа, со оглед на нивната европска перспектива, ЕУ ги третира земјите од Западен Балкан како привилегирани партнери, давајќи им пристап до бројни иницијативи и инструменти резервирани за земјите-членки на ЕУ. Ова вклучува, на пример, заедничка набавка на медицинска опрема, изземање на регионот од правилата на ЕУ за одобрување извоз на опрема за лична заштита, осигурување брз проток на основните производи низ копнените граници преку т.н. „зелени ленти“, и обезбедување од страна на ЕУ материјал за тестирање за да се осигура точно фунционирање на тестовите за корона вирус во Западен Балкан. Регионот е поврзан и со работата на релевантните здравствени тела.