ЕУ со силна поддршка за Украина од Тирана

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претседателката на Европската комисија Урсула Фон Дер лајен на социјалните мрежи објави фотографија со претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Под истата напиша дека „цврсто стојат“ со украинскиот лидер.

„Нашиот непосреден приоритет е целосен и безусловен прекин на огнот. Затоа го зголемуваме притисокот за да го доведеме Путин на преговарачка маса. Воведуваме остри санкции кон Русија, пакет по пакет. Сакаме праведен и траен мир за Украина и трајна безбедност за цела Европа“, напиша Лајен на Х.