Земјите од Европската унија одлучија од денеска да прекинат низа санкции против Сирија, вклучително и санкции во областа на енергетиката, банкарството и транспортот.
Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел се согласија да ги укинат ограничувањата во енергетскиот сектор кои беа насочени кон нафтата, гасот и електричната енергија, како и да ги укинат санкциите за транспортниот сектор.
Тие, исто така, го укинаа замрзнувањето на средствата на пет сириски банки, ги ублажија ограничувањата за сириската централна банка и на неодредено време ги продолжија исклучоците од санкциите што ја олеснуваат испораката на хуманитарна помош, објави Ројтерс.
