ЕУ свика итен самит за руско-украинската криза

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 ЕУ утревечер во Брисел ќе одржи итен самит за „агресивните дејствија“ на Русија против Украина, соопшти претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во писмо до лидерите на Унијата.

– Важно е да продолжиме да бидеме обединети и одлучни и заеднички да го дефинираме нашиот колективен пристап и делување, рече тој.

– Затоа, би сакал да ве поканам на специјален Европски совет (самит) во четврток на 24 февруари, кој ќе се одржи во Брисел и ќе започне во 20:00 часот, стои во писмото.