ЕУРО 2020: Чешка ја совлада Шкотска со гол од пола терен, Словачка ја изненади Полска, Шпанија без реализација со Шведска

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Три натпревари се одиграа денеска на ЕУРО 2020 во кои имаше интересни натпревари и резултати, кои беа во крајна мера изненадувачки, но видовме и меч без голови, прв на ова ЕУРО.

Првиот меч се одигра во Глазгов на кој видовме прекрасен погодок од страна на Шик. Првиот гол го постигна со глава, но вториот во второто полувреме беше извонреден за победа на Чешка од 0:2. Од пола терен Шик реализираше. Еве погледнете како изгледаше тоа низ видеото:

Вториот натпревар од 18 часот беше меѓу Полска и Словачка кој се одигра во Санкт Петербург. Иако Полска важеше за фаворит, сепак, Словачка дојде до три бода. Словачка поведе со автогол на Шчесни. Израмни Линети на стартот од вториот дел, но потоа Полјаците останаа со играч помалку, а тоа го искористи Шкрињар за 1:2, голем триумф на Словаците.

Во последниот меч вечерва, Шпанија и Шведска одиграа 0:0. Шпанија имаше многу шанси, но не ги искористи, а свои прилики имаа и Швеѓаните преку Исак, но не дојдоа до гол. Ова беше прво реми без голови на Шпанија после 41 година (последен пат на ЕП 1980).