ЕУРО 2020: Италија ја „прегази“ и Швајцарија и веќе е во следната фаза, Русија ја совлада Финска, Турција пред елиминација

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Италија ја оствари втората победа на Европското првенство, и со тоа веќе обезбеди пласман во следната фаза. Италијанците на домашен терен во Рим ја совладаа Швајцарија, идентично како по првиот меч.

Локатели на два пати и еднаш Имобиле за триумф на „Азурите“ кои покажуваат дека се едни од фаворитите за освојување на трофејот.

Во вториот натпревар во оваа група „А“ во Баку, Велс ја совлада Турција и со тоа ја направи ситуацијата на Турците многу комплицирана за пласман во следната фаза, а Велс си ги зголеми шансите за „нокаут“ фазата. Головите за Велшаните ги постигнаа Ремзи и Робертс, а згора на тоа Бејл промаши и пенал.

Алексеј Миранчук беше клучот на успехот на Русија во дуелот со Финска одигран во Санкт Петербург. Русите со тоа дојдоа до првиот триумф во групата, и ја направија ситуацијата поинтересна. Сега имаат ист број на бодови со Финска, додека утре од оваа група ќе се сретнат Данска и Белгија, во меч во кој Данците немаат право на грешка, но се под голем психолошки притисок поради случувањата со Кристијан Ериксен.