ЕУРО 2020: Изненадување – Чешка ја елиминираше Холандија!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Селекцијата на Чешка е третиот четвртфиналист на ЕУРО 2020, откако денеска ја елиминираа селекцијата на Холандија, еден од фаворитите за освојување на пехарот.

Чесите одлично одиграа, имаа прилики, а нивните шанси за победа се зголемија по исклучувањето на Де Лихт во 55. минута поради игра со рака.

13 минути подоцна Холеш донесе водство за Чешка, а Шик во 80. минута ги однесе Чесите меѓу најдобрите осум. Чешка оди на мегдан на Данска во следната фаза.

Вечерва Белгија и Португалија во меѓусебна пресметка ќе одлучуваат за четвртиот патник во 1/4 финалето.