ЕУРО 2020: Конечен расплет во „групата на смртта“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска на ЕУРО 2020 завршуваат натпреварите од групната фаза, со што ќе бидат формирани и 1/8 финалните двојки.

Се играат натпреварите од групите Е и Ф и се очекуваат многу неизвесни натпревари. Единствено Шведска е сигурен патник во следната фаза, додека во таа група „Е“, сите имаат подеднакви шанси за пласман понатаму. За такво нешто Шпанија треба да ја совлада Словачка, додека во вториот меч играат Полска и Шведска. Иако е пласирана, Шведска сигурно ќе сака да остане на првата позиција, и за такво нешто му треба победа, додека на Полјаците само победа им одговара за пласман во следната фаза. Дуелот меѓу Шведска и Полска се игра во Санкт Петербург, додека Шпанија и Словачка ќе играат во Севиља.

А, што да се каже во „групата на смртта“? Сите имаат подеднакви шанси за првите три позиции, а се чини дека оние кои ќе триумфираат денеска, ќе обезбедат пласман, иако на Франција и на Португалија им одговара и нерешено за двете селекции да одат во следната фаза, и тие во меѓусебен дуел на стадионот во Будимпешта ќе решаваат. Во вториот меч Германија во Минхен игра со Унгарија. Германците влегуваат со три бода, додека Унгарија со еден. Тоа значи дека Унгарија мора да победи, додека Германија, се чини, дека и нерешено ќе оди во 1/8 финалето.