ЕУРО 2020: Македонија „блескаше“ во вториот дел, но предноста од првото полувреме на Украина беше недостижна

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Украина ја совлада Македонија на вториот натпревар на ЕУРО 2020 во Букурешт. Украинците благодарение на првото полувреме стигнаа до победата. Во првите 45. минути Украина имаше 2:0, со два брзи гола на Јармоленко во 29-тата и на Јаремчук во 33. минута.

Украина во првиот дел имаше шанси за поубедливо водство, но на нашиот гол блескаше Столе Димитриевски.

Во вториот дел далеку подобра Македонија. Две замени и веднаш раздвижување на напаѓачките редови. Пенал за Македонија во 56. минута, а претходно пречка на Трајковски. Алиоски го искористи пеналот, но од втора (првиот обид го одбрани Бушчан).

Во финишот од средбата пенал и за Украина, но Столе Димитриевски одбрани, и ја остави Македонија во живот, но до крајот промена на резултат, за жал, немаше.