После одигрувањето на денешните последни натпревари од групната фаза на ЕУРО 2020, познати се сите 1/8 финални двојки, а таму веднаш дерби. Најинтересниот натпревар ќе биде на легендарниот Вембли, каде ќе се сретнат Англија и Германија. Победникот од овој меч ќе игра со победникот од Украина – Шведска, дуел кој се игра во Глазгов.
Интересна ќе биде и пресметката меѓу Хрватска и Шпанија која ќе се игра во Копенхаген. Победникот ќе игра со подобриот од дуелот Франција – Швајцарија. Исто така еден од поинтересните пресметки во следната фаза е дуелот меѓу Белгија и Португалија кој ќе се игра во Севиља, а потоа подобриот од овој меч ќе го чека подобриот од пресметката Италија – Австрија.
Холандија во Будимпешта ќе игра против Чешка, додека во Амстердам, Велс и Данска. Победниците ќе се сретнат меѓусебно во 1/4 финалето.
Еве го целиот „костур“ на 1/8 финалните мечеви, и кој со кого би можел да игра се до финалето.

