ЕУРО 2020: Стартува вториот круг во групната фаза, Италија и Финска можат уште денеска да обезбедат пласман во следната рунда

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Денеска почнува второто коло од групната фаза на ЕУРО 2020 шампионатот кој се одржува низ 11 градови во Европа.

Две репрезентации со победи би можеле веќе да го трасираат патот кон следната фаза. Тоа се селекциите на Италија и на Финска, кои го стартуваа европскиот шампионат со победи.

Италија ја победи Турција, и денеска игра против Швајцарија. Во оваа група „А“, Турција игра со Велс. Велс и Швајцарија имаат по еден бод, а Турција е без бодови.

Ќе се одигра и еден меч во групата „Б“. Финска ќе игра со Русија, и со победа би можела веќе да биде пласирана во следната фаза, а на Русија да им го „загорчи животот“ и да ги донесе на раб на елиминација.