Евакуиран аеродром во Лондон откако се огласил аларм

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Аларм го евакуираше лондонскиот аеродром „Гетвик“ утрово околу 8:30 часот по локално време.

Според наводите на очевидци, се запалил аларм откако патник пушел цигара, пишува „Дејли мејл“.

На социјалните мрежи брзо се прошири информацијата за патниците кои биле „заглавени“ на аеродромот.

„Заглавивме на Гетвик. Не не пуштаат од сигурносната област“, стои во објавата на еден патник.

Друг патник бесно коментирал дека некој наводно отворил врата за итни случаи за да запали цигара, со што се огласил алармот.

Портпаролот на аеродромот ја демантираше оваа информација дека била отворена врата за итни случаи. Евакуацијата била завршена, и аеродромот продолжил со нормална работа.