Евакуиран Aренa центар во Загреб по дојава за две поставени бомби

НАЈНОВИ ВЕСТИ

 По анонимна дојава за поставена експлозивна направа во Арена центарот во Загреб, хрватската полиција превентивно ги евакуираше граѓаните од трговскиот центар, потврди загрепската полиција.

Припадниците на специјалната единица во полициската управа во Загреб веднаш излегле на местото на настанот, а зградата на трговскиот центар, вклучувајќи ја и подземната гаража, се испразнети, додава полицијата.

Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го „чешла“ трговскиот центар во потрага по потенцијална закана.