Евакуирана зграда во Загреб поради дојава за бомба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватската полиција денеска је евакуираше зградата „Еуротауер“ во Загреб поради дојава за бомба. Во таа зграда се наоѓаат канцелариите на амбасадите на Финска и Литванија, загрепската берза, а таму имаат канцеларии и компаниите „Хајнекен“ и „Хуавеи“.

Полицијата ја евакуираше целата зграда, и сега во тек е проверка на зградата.

„Добивме повик за експлозивна направа. Во тек е проверка“, велат од загрепската полиција.