Еве како би изгледал новиот владин состав

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 дојде до имињата на министрите во новата Влада. Со неколку исклучоци, тоа се имиња кои се споменуваа во изминатите неколку дена.

Бујар Османи ќе раководи со министерството за надворешни работи, а министер за внатрешни работи ќе биде Оливер Спасовски кој се враќа во ова министерство. За правда Бојан Маричиќ, додека за одбрана останува Радмила Шекеринска. Министерството за финансии ќе го води Бесими, додека за економија останува Бектеши. Благој Бочварски е предложен за министер за транспорт и врски, додека со земјоделие ќе раководи Аријанит Хоџа.

Ова се сите предложени министри во новата Влада:

Претседател на Влада – Зоран Заев
Вицепремиер за економија – Фатмир Битиќи
Вицепремиер за борба против корупција – Љупчо Николовски
Вицепремиер за европски прашања – Никола Димитров
Министерство за надворешни работи – Бујар Османи
Министерство за внатрешни работи – Оливер Спасовски
Министерство за правда – Бојан Маричиќ
Министерство за одбрана – Радмила Шекеринска
Министерство за финансии – Фатмир Бесими
Министерство за економија – Крешник Бектеши
Министерство за транспорт и врски – Благој Бочварски
Министерство за земјоделие – Арјанит Хоџa
Министерство за екологија – Насер Нуредини
Министерство за труд и социјална политика – Јагода Шахпаска
Министерство за култура – Ирена Стефоска
Министерство за информатичко општество и администрација /
Министерство за здравство – Венко Филипче
Министерство за образование – Мила Царовска
Министерство за локална самоуправа – Горан Милески
Министерство за политички систем – Артан Груби

Министерот за информатичко општество и администрација ќе биде дополнително објавен.