Да се седне во пеколно жешок автомобил, не само што е непријатно, туку може да биде и опасно за здравјето.
Без разлика дали имате клима или не, овој трик ќе ви помогне да го изладите автомобилот кој стоел на сонце, за отприлика 10 секунди. Тие кои ја пробале оваа метода, велат дека ја спушта температурата барем за 10 степени.
А тоа е да се спушти прозорецот на совозачката страна и да се затвори вратата. А потоа, да се отвара и затвора возачката врата континуирано, со што жешкиот воздух би излегол од автомобилот.
Дополнителни совети се ако имате кожни седишта, да ги заштитите дополнително. Воланот е добро да го свртите на страна, па така кога ќе ставите во почетна положба, ќе биде ладен.
