Кој во кое министерство ќе биде во новата Влада?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неофицијално е објавен новиот состав на Владата на Македонија.

Имињата засега остануваат неофицијални, а се очекува официјална потврда од страна на мандатарот Христијан Мицкоски во текот на наредните денови.

Се очекува премиер да биде Христијан Мицкоски, додека генерален секретар Панче Тошковски.

  • Министер за одбрана – се спомнуваат имињата на Игор Јанушев и Владо Мисајловски?
  • Министер за внатрешни работи – се спомнуваат имињата на Александар Јанев, Панче Тошковски, Игор Јанушев?
  • Министер за правда – “ЗНАМ”,
  • Министер за заедници – Лупчо Димовски,
  • Министер за надворешни работи и надворешна трговија – Тимчо Муцунски
  • Министер за Економски прашања – Алтернатива
  • Министерка за финансии – Гордана Димитриевска
  • Министер за економија и труд – Бесар Дурмиши
  • Министер за енергетика – Сања Пожиновска
  • Министер за земјоделство – Цветан Трипуновски?
  • Министер за здравство – Арбен Таравари
  • Министер за образование и наука – Весна Јаневска
  • Министер за социјална политика – Фатмир Лимани
  • Министер за транспорт – Александар Николовски?
  • Министер за екологија – Изет Меџити
  • Министер за спорт – Борко Ристевски.

Имињата на министрите засега остануваат непотврдени.