Ако добивате различни резултати неколку пати по ред при мерење на притисок, веројатно проблемот е во тоа што не сте се подготвиле правилно за мерењето.
Еве што треба да направите за резултатите да бидат вистинити:
- Испразнете го мочниот меур пред да го измерите притисокот
Чувството на полн мочен меур го прави човекот нервозен и немирен, што го зголемува артерискиот притисок. Поради полн мочен меур, резултатот може да биде поголем за 5-10 mmHg од вистинскиот.
- Одморете се
Потребно е да се одморите барем пет минути на истото место каде ќе го мерите притисок. Не разговарајте, не се возбудувајте, ниту пак не станувајте – сето тоа го зголемува притисокот.
- Наместете се правилно
Треба да седите исправено на обично столче кое нема да биде ниту премногу високо, ниту прениско во однос на масата на која стои апаратот.
- Позицијата на раката е многу важна
Раката на која е поврзана манжетната од апаратот (веднаш над лактот), треба да биде слободна, исправена на масата, во висина на срцето.
- Останете мирни
Во текот на мерењето не треба да зборувате, ниту да се поместувате. На резултатите може да влијае и возбудувањето и затоа резултатот може да биде за неколку десетици mmHg поголем од реалниот.
Пред мерење не смеете да пиете кафе, црн чај или енергетски пијалоци, бидејќи можат да го зголемат притисокот.
