Викендот меѓу месеците јули и август се смета за најфреквентен во летната сезона, па затоа не изненадува што на граничните премини има голема гужва.
Доколку тргнувате на пат, треба да бидете подготвени за неколку часа чекање.
Сообраќајот во Македонија денеска дополнително е зголемен на граничните премини Табановце, Богородица и Блаце.
Ова може да се види на видео снимките од надзорните камери на границите.
Еве каква е состојбата на Табановце:

Граничен премин Богородица:

Граничен премин Ќафасан:

Граничен премин Блаце:

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање 1 час на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, велат од АМСМ.
