АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
Од таму потенцираат дека од 08:00 часот затворен е сообраќајот на регионалниот пат Дебар – Маврово кај Бања „Косоврасти“, поради пропадната дупка на патот со длабочина од 10 метри, со можност да се прошири. Сообраќајот се пренасочува од Струга.
„Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата“, велат од АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
