Еве каква е состојбата на патиштата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонија пат информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Поради обилни врнежи од снег, забрана за собраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар-Кичево преку планински премин Стража, планински премин Ѓавато, крак Маврово-Жирновница, Тетово-Попова Шапка, Кичево- Пресека-Охрид и Струга -Ќафасан.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.