Еве кога флашираната вода може да биде опасна по здравјето!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Сите знаеме колку е важно пиењето на вода за здравјето, а експертите досега многу пати разговарале за тоа дали е поздраво да се пие вода од чешма или флаширана вода.

Флаширана вода е тестирана и здрава, но оваа вода во еден случај може да биде и лоша за здравјето, вели руската нутриционистка Наталија Денисова.

„Водата што се продава во продавница е проверена и безбедна. Меѓутоа, ако сончевата светлина во продавницата падне директно на полицата каде што е флашираната вода, тогаш пластиката се загрева. Ако амбалажата за вода е направена од ефтина пластика, тогаш тоа станува проблем. Постои ризик, дека во овој случај штетните супстанции, вклучувајќи ги и полифенолните соединенија, ќе се испуштат во водата. Ако постојано пиете таква вода, со време ќе се јават и негативни последици по здравјето. А ако водата е и газирана, ризикот е поголем. Во тој случај сончевта светлина дополнително го зголемува ризикот од ослободување на штетни материи од пластика во водата“, вели таа.

Поради оваа потенцијална опасност, нутриционистката вели дека е најздраво да се пие вода од чешма со филтри за прочистување.