Mикробрановата печка денес е една од најкористените апарати за домаќинство во секој дом.
Покрај тоа што ни го олеснува готвењето, ни помага да заштедиме време и брзо да подготвуваме разни јадења.
Сепак, како што предупредуваат експертите, одредени намирници, односно храна, никогаш не треба да загревате во неа, а причините за тоа се различни, пишува Брајтсајд.
- Сос од домати и домати
Ако доматот премногу се задржи во микробранова печка, може да направи доста хаос.
Акумулацијата на притисок предизвикува формирање на меури, кои излегуваат од течноста содржана во сосот од домати.
- Преработено месо
Зрачењето со микробранова печка може да го зголеми нивото на холестерол во месото, што пак може да предизвика проблеми со срцето.
- Чили пиперки
Чили пиперките содржат голема доза на капсаицин, кој може да биде запалив. Под влијание на микробранова радијација може да почне да испарува и да се запали.
