Еве кои се најчестите прашања околу вакцинацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од Министерството за здравство на веб страницата „kovid19vakcinacija.mk“ објавија кои се најчестите прашања во врска со вакцинацијата.

Во продолжение погледнете ги и одговорите на истите:

Колку е безбедна вакцинацијата?

Во нашата држава секоја вакцина е одобрена само доколку успешно ги поминала сите три фази на клиничките студии. Овие национални и меѓународни стандарди за квалитет важат и за одобрување на вакцина за коронавирус. По одобрување на пазарот, вакцината продолжува внимателно да се следи и проценува со цел да се забележат многу ретки несакани ефекти.

Дали може да се исклучат несакани ефекти?

Не, сите вакцини може да имаат несакани ефекти. Но најчесто тие се лесни, самоограничувачки и спонтано поминуваат. Важно е да се знаат, и да му се објаснат на лицето кое се вакцинира за да знае што да очекува после примање на вакцината. Централна задача на процесот на тестирање и одобрување е да може јасно да се опишат несаканите ефекти. Ова исто така вклучува и можност за именување за кои групи на луѓе и во колкава мера може да појават несаканите ефекти. Но, дури и по одобрување, новокористената вакцина дополнително се надгледува и истражува. Понекогаш многу ретки несакани ефекти може да се забележат само по одобрување.

Кој не треба да се вакцинира?

  • Децата и адолесцентите на возраст под 16 години за кои вакцината во моментов не е одобрена, не треба да се вакцинираат. 
  • Бидејќи сè уште нема доволно информации, вакцинацијата за време на бременост и лактација во моментов се препорачува само според индивидуална проценка. 
  • Ако страдате од акутно заболување со треска над 38,5 ° C, вакцинацијата треба да се изврши по закрепнувањето. Сепак, субфебрилна или малку покачена температура (под 38,5 ° C) не е причина да се одложи вакцинацијата. 
  • Во случај на преосетливост на компонента од вакцина, вакцинацијата не треба да се спроведува: Ве молиме информирајте го докторот пред вакцинацијата ако имате алергии.

Дали ќе има посебна вакцина за деца?

Првично, вакцините ќе бидат достапни само за возрасни, бидејќи нивната ефикасност и безбедност кај деца и адолесценти сè уште не е соодветно испитана. Постојат неколку причини зошто вакцините во моментов се развиваат првенствено за возрасни:

  • Кај децата не се прави рано тестирање од етички причини. Пред да започнете со клиничко испитување кај деца, мора да се осигура дека не се појавиле сериозни несакани ефекти во студиите кај возрасни.
  • Развојот на вакцините за деца е сличен на развојот на вакцините за возрасни: поминува низ неколку фази во кои се проверува безбедноста и ефективноста на вакцините пред да бидат одобрени.
  • Првично, фокусот ќе биде за заштитата на оние кои се најсериозно болни од Ковид-19. Ова се особено постари луѓе и/или лица со хронични болести.
  • Може да се претпостави дека ефективните вакцини против Ковид-19 за возрасни, кои со текот на времето ќе бидат достапни во доволни количини за населението, исто така можат да ја намалат вкупната стапка на инфекција. Децата исто така можат да бидат заштитени на овој начин.

Според сè што е познато досега, децата од предшколска и школска возраст се чини дека се разболуваат поретко отколку возрасните.