Истражувањата покажуваат дека конзумацијата на кафе има доста бенефиции по вашето здравје, пред се за оние кои сакаат да симнат телесна тежина, но исто така додавање на некои состојки може да имаат спротивен ефект.
Важно е да се знае дека не сите додатоци се добри кога е во прашање здравствениот ефект. Некои популарни состојки може негативно да влијаат на вашите напори да симнете тежина.
Шлагот, полномасното млеко и шеќерот често се омилени дотатоци на кафето, но според нутриционистите, овие состојки преставуваат сериозна закана за вашето здравје, особено ако целта ви е да ослабете. Исто така тука спаѓаат и разните сирупи. Сепак, доколку не можете без нив, тогаш се препорачува да се конзумираат во умерени и мали количини, за да се спречи преголемо внесување на калории и маснотии.
