ЕУРО 2020: Еве кои играчи се прогласени за најдобар фудбалер, најдобар стрелец и најдобар млад фудбалер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Голманот на Италија, Џанлуиџи Донарума е прогласен за најдобар играч на ЕУРО 2020.

Наградата на 22-годишникот му ја врачи претседателот на Европската фудбалска асоцијација, Александар Чеферин.

На последниот натпревар против Англија, Донарума ги одбрани двата последни удари во пенал-серијата и е најзаслужен за освоениот трофеј на неговата репрезентација.

Донарума излезе како победник од сите пет досегашни пресметки кои се одлучуваа со пенали. Три од нив се со Милан, а две со репрезентацијата на Италија. 

За најдобар стрелец на првенството е прогласен Кристијано Роналдо. Роналдо има исто голови со Шик, но поради тоа што има една асистенција (Шик нема), ја доби оваа награда. За најдобар млад играч е пробласен шпанскиот репрезентативец Педри.