Репрезентацијата на Хрватска се пласираше во полуфиналето на Светското првенство по драматичната победа против Бразил на пенали. Бразилците поведоа во 105. минута со голот на Нејмар, израмни Петковиќ во 117. за да Хрватска победи на пенали 4:2 и сега го чека победникот од мечот меѓу Аргентина и Холандија.
Светските медиуми беа во шок по новата драматична победа на хрватската репрезентација која четврти пат по ред победи на пенали во нокаут фазата на Светското првенство. Откако ги исфрли Русија и Данска на пенали во Русија, истото го направи и на овој турнир против Јапонија, а сега и Бразил.
„Шок! Хрватска е во полуфинале на Мундијалот: Бразилците се исфрлени, ново чудо на пенали од пламените јазици“, е насловот на српски Блиц, додека Курир го коментира преминот на Хрватска со текст: „Хрватска создаде светска сензација: По драма и пенали, пламенот го исфрли големиот Бразил од Светското првенство“.
Хрватска сензационално го елиминира Бразил на пенали и се пласираше во полуфиналето на СП“, пишува Klix.ba. „Хрватска танцува, Бразил плаче“, е насловот во шпанскиот Ас. „Хрватска, каков успех! Се вратија против Бразил и се пласираа во полуфиналето“, пишува Gazzetta. „Фаворитите на турнирот си одат дома. Хрватска е во полуфиналето на СП“, пишува Би-Би-Си, а Марка објави „Бразил е во солзи, супер фаворитот си оди дома“.
