Евгенија е првото бебе родено во Скопје во Новата година – ја посети Ѓорѓиевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Малата Евгенија Камчева е првото бебе родено во Скопје во новата година. Таа се роди точно на полноќ, со што главниот град ја пречека 2026 година со убава и симболична вест – почеток на нов живот и нова надеж.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на социјалните мрежи го сподели радосниот настан, посакувајќи ѝ на новородената Евгенија здравје, среќно детство и живот исполнет со љубов, достоинство и можности.

„Секое новородено дете е заедничка надеж и обврска да градиме подобра иднина, посигурна држава и посилно општество“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека новата година треба да биде година на нови животи, радост и насмевки.

Тој упати и искрени честитки до мајката Емилија, со желби за добро здравје, среќа и успеси, нагласувајќи дека Евгенија е најубавиот почеток на новата година за Скопје.