Еврокомесарот Оливер Вархеи во официјална посета на Скопје имаше средби и разговори со премиерот Зоран Заев.
По средбата немаше ниту прес конференција ниту соопштение од Владата Единствено Заев на својот твитер профил кратко извести за што разговарале во кое не се наведува ништо конкретно за отворените прашања што ги наметна Бугарија и блокадите за почеток на преговорите со Европската унија.
„Денеска во Скопје имав средба со еврокомесарот Оливер Вархеи со кого отворени разговаравме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни и за Македонија и за Европската унија и посветени сме на тој процес“, напиша Заев на својот твитер профил за средбата со еврокомесарот Вархеи.
