Бројот на европски патници кои ги посетуваат Соединетите Американски Држави нагло опадна поради политичките и економските тензии и стравувањата од непријателска гранична политика на претседателот Доналд Трамп, која сега им се заканува на најпрофитабилните авиокомпании во светот, пишува Фајненшл Тајмс.
Бројот на посетители од Западна Европа кои поминале најмалку една ноќ во САД во март е намален за 17 отсто во споредба со истиот период минатата година, покажуваат податоците на американската меѓународна трговска администрација (ИТА).
Според анализата на „Фајненшл тајмс“, патувањата од некои земји, вклучувајќи ги Ирска, Норвешка и Германија, паднале за повеќе од 20 отсто.
Овој тренд е сериозна закана за американската туристичка индустрија, која сочинува 2,5 отсто од БДП. Некои авиокомпании и хотелски групи веќе предупредуваат на пад на побарувачката за прекуокеански летови и ширење „негативен впечаток“ за патувањето во САД.
Вкупниот број на посетители во странство падна за 12 отсто во март во споредба со минатата година – најсилниот пад од март 2021 година, кога туристичкиот сектор сè уште беше тешко погоден од пандемиските ограничувања, покажуваат податоците на ИТА.
NEW 🧵
— John Burn-Murdoch (@jburnmurdoch) April 11, 2025
The number of people travelling from Europe to the US in recent weeks has plummeted by as much as 35%, as travellers have cancelled plans in response to Trump’s policies and rhetoric, and horror stories from the border. pic.twitter.com/c3Bd2YxTeK
